Зошто Link2Europe?
Вие сте во добри раце со Link2Europe! Ние постојано бараме професионални и соодветни кандидати за белгискиот пазар на трудот, од работници во полето на логистиката и индустријата па сѐ до меѓународни инженери и раководители на проекти.
Што ја прави Link2Europe толку уникатна? Ние сме единствената белгиска компанија којашто исклучиво е фокусирана на меѓународни вработувања, на определено и неопределено време, со огромно искуство во овој домен.
Со растечката база на клиенти во полето на белгиската индустрија и логистика, ние им гарантираме конзистентна и сигурна поддршка на барателите на работа од целиот свет.
луѓето наоѓаат
работа благодарение на нас
задоволни
клиенти
години
на искуство
компании коишто соработуваат
со нас
Зошто Белгија?
Барате ново работно искуство во странство? или можности за работа според подобри услови? Краткорочно или долгорочно?
Белгија има напредна и стабилна економија со високи приходи. Нуди висок стандард на живеење, квалитетен живот, здравствена грижа и образование. Таа исто така е рангирана како една од најбезбедните и најмирни земји во светот.
За разлика од многу други земји, на странците коишто работат во Белгија им се нудат истите услови за работа како и на локалната работна сила уште од првиот работен ден. Белгискиот систем за плати ви нуди бројни поволности што не можете да ги најдете во други земји, вклучително и исплата на тринаесетта плата, платен одмор, детски додаток, ваучери за оброк и многу други! Покрај тоа, како странец, лесно можете да комуницирате со локалното население на англиски јазик и да се запознаете со ваши сонародници коишто веќе работат тука!
А секако, квалитетот на животот е многу важна работа! Во Белгија ќе откриете општество кои е грижливо, мултикултурно и позитивно, лоцирано во центарот на Европа, со убави градови, чоколада која ви се топи во уста и безброј видови на најдобрите светски пива…
Како да аплицирате?
Процес на вработување
чекор по чекор
In 5 steps to your new job abroad!
1
Најдете понуда што е соодветна на вашите квалификации.
2
Подгответе ја вашата Работна биографија (CV) и испратете ни ја.
3
Ако вашето CV одговара на работниот профил, ќе ви се јавиме за интервју.
4
Ако имате успешно интервју, вашата апликација ќе му ја претставиме на клиентот.
5
Ако клиентот ве избере и ви го понуди работното место, ние ќе ви помогнеме околу сите формалности за полесно да се вклопите на вашето ново работно место и во животот во Белгија.
Наши партнери




